zorangegoski

Friday, October 19, 2007

ТОШЕ ПРОЕСКИ "THE GREAT"

TOSE "THE GREAT"


TOSE "THE GREAT"



Тоше Проески (25 јануари 1981 - 16 октомври 2007), роден како Тодор Проески во Прилеп, во влашкото семејство, од родители чие постојано живеалиште е Крушево, беше најпопуларниот пејач воРепублика Македонија и една од најголемите ѕвезди на Балканската музичка естрада, кадешто е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде и победува изведувајќи ја песната Yesterday на Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Има блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, кадешто останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.
Умира на
16 октомври во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб - 17 октомври - е прогласен за





Многу млад замина во легендите и затоа мислам дека заслужува да се најде на мојот блог иако тоа не ни беше за домашна. ВЕЧНО КЕ ОСТАНЕШ ВО НАШИТЕ СРЦА,ПОЧИВАЈ ВО МИР АНГЕЛУ НА МАКЕДОНИЈА!!!

0 Comments:

Post a Comment

<< Home